Делегација од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот господин Ваутер Пломп, во петокот остварија официјална  работна посета на модната конфекција „Данитекс“ –  Кочани.

На средбата домаќините го запознаа амбасадорот со резултатите од повеќегодишната соработка со модните брендови „Expresso Fashion“ и „Claudia Strater“ и двете со седиште во Амстердам (Холандија).

Компанијата „Данитекс“  има одлична бизнис релација со овие две модни куќи од Амстердам и месечно за нив произведува околу 10.000 парчиња на женска конфекција.

Амбасадорот имаше можност да се запознае и со современите производствените капацитети на компанијата и со  производствениот програм наменет за извоз во Холандија.

На средбата беа презентирани и бројните инвестиции кои „Данитекс“ ги има реализирано изминатите неколку години, како изградбата на деловен простор од 3.500 м2 кој ги задоволува сите Европски стандарди за работа.

Амбасадорот истакна дека е импресиониран од успешното работење на „Данитекс“, од извозните активности на компанијата и соработката со неколку холандски компании што е од значење за двете земји.

Од менаџментот на „Данитекс“ посочуваат дека посетата на амбасадорот на Кралството Холандија преставува огромна чест за компанијата, која е подготвена да ја продлабочи  соработката и со други компании од Холандија.

32

33

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари