Во организација на Карате Клубот „Тигар“ од Скопје и Карате Федерацијата на Македонија, во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир за деца, помлади кадети, кадети и јуниори „Гази Баба Опен 2019“.

На турнирот се појавија повеќе од 500 натпреварувачи од 40-тина клубови од Македонија, Бугарија, Црна Гора и Србија.

Карате клубот „Партизан“ од Кочани учествуваше со 8 каратисти кои се натпреваруваа во 12 категории и освоени се 9 медали од кои 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.

5253

Златото се најде на градите на:

Филип Стојанов – категорија „деца“ (до 45 килограми)

Ѓорги Петров – категорија „кадети“ (до 57 килограми)

Мартина Шахинова – категорија „кадети“ (+ 54 килограми)

Сребрениот медал го освоија:

Филип Стојанов – категорија „деца“ (до 40 килограми)

Надица Наунова – категорија „деца“ (до 40 килограми)

Благоја Тасески – категорија „помлади кадети“ (до 45 килограми)

Ѓорги Петров – категорија „јуниори“ (до 61 килограми)

Освојувачи на бронзениот медал се:

Кристијан Грозданов – категорија „кадети“ (до 57 килограми)

Роберто Здравковски – категорија „јуниори“ (до 68 килограми)

Мартина Шахинова, член на Карате Клубот „Партизан“ од Кочани беше прогласена за најдобра натпреварувачка на турнирот во женска конкуренција и од организаторот на турнирот доби  посебно признание.

С. Ивановски

5455

5657

5859

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари