Се одиграа натпреварите од 18-тото коло во Третата Фудбалска Лига – исток во кое сите три домашни екипи ги совладаа своите противници.

Во Кочани во дуел на два различни по квалитет противника, лидерот „Осогово“ убедливо ја совлада екипата на „Малеш“ од Берово.

И екипата на „Рудар“ беше лош домаќин за гостите од Лозово, додека во Свети Николе домаќинот со доста мака и со минимален резултат ја совлада „Слога 1934“.

Комплетни резултати од 18-тото коло:

„Осогово“ – „малеш“  8:1

„Овче Поле“ – „Слога 1934“  1:0

„Рудар“ – „Работник“  8:0

„Кежовица“ – „Брегалница сениори“ (не е одигран натпреварот).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари