Новоформираната Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) одржа седница на Централниот и Извршниот одбор во Кочани на која донесе заклучок со кој им препорачува на гласачите во првиот круг да излезат на гласање и да го дадат својот глас за оној кандидат за кој сметаат дека најдобро ќе ги застапува интересите и правата на ромската заедница како и на сите граѓани.  Со нивното излегување на Претседателските избори тие ќе придонесат за унапредувањето на демократските процеси.

„На 5 април го добивме судското решение со кое сме внесени во регистарот на политички партии, со што можеме активно да се вклучиме во предизборниот процес. За сега ќе дејствуваме самостојно, но ако во наредниот период стапиме во коалиција со некоја од партиите кои поддржуваат свои претседателски кандидати, тогаш во вториот круг од изборите и ние ќе се вклучиме со наша поддршка. Планираме до крајот на месецот да го завршиме процесот на формирање општински организации на партијата, а во меѓувреме избравме регионални координатори за полесна и поефикасна комуникација со членството и функционирање на партиските органи. Ги повикуваме сите Роми во државата да излезат на изборите и да гласаат според сопствена слободна волја“, истакна Аксел Ахмедовски, претседател на ПДПР.

2322

Партијата за демократски просперитет на Ромите за почеток ќе дејствува во општините од источниот регион на државата, каде, според Ахмедовски, во моментот има околу шест илјади членови.

На седницата на Централниот одбор беше прифатена и инцијативата за пристапување на еден член во Советот на Општина Виница, кој до сега членувал во Партијата за целосна еманципација на Ромите.

21

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари