Изминатите два дена од викендот на програмата беа натпреварите од 18-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Подмладениот состав на „Кочани“ имаше тешко гостување кај лидерот на табелата „Драгон“ и беше лесен залак за далеку подобрата домашна екипа. Според конечниот резултат поразот е висок но ако се знае дека некои екипи имаат порази и со двоцифрен резултат тогаш резултатот од 8:0 за „Драгон“ е нешто со што тренерот Оливер Јовановски й треба да биде задоволен.

Резултати од 18-тото коло:

„Драгон“ – „Кочани“  8:0

„Каменица Саса“ – „СЦ Истатов“  0:4

„Тиверија“ – „Борец“  10:0

„Топ Гол“ – „Атлетико“  7:0

„Ас Јунајтед“ – „Тетово“  4:2

„Прилеп“ – „Плачковица“  11:0

„Љуботен“ – „Речица“  1:3

Во следното 19-то коло „Кочани“ ќе му биде домаќин на „Топ Гол“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари