Во периодот од 25 февруари до 07 Март Ромалитико спроведе истражување кај ромското население во пресрет на претстојните Претседателски избори.

Истражувањето го испита јавното мислење преку интернет анкета составена од 20 прашања.

Првиот дел од анкетата се состоеше од 4 прашања кои беа поврзани со демографски информации, вториот дел се состоеше од 6 прашања поврзани со генералната политичка ситуација во државата а додека пак третиот дел беше составен од 10 прашања фокусирани на довербата на политичките партии и нивните претставници.

Испитувањето на јавното мислење е спроведено преку online анкета користејќи ги услугите  на Survey Monkey.

Во анкетата учествувале 64% од машката популација и 36% од женската.

70% од испитаните се на возраст од 18-30 години, 16% од 31-43 години, 11% од 44-56 години возраст а 3% се во групата од 57-69 години.

Од испитаните 73% се со високо образование а 27% со средно, 77% се членови на партија а 23% не членуваат во ниту една партија.

Од Ромските политичари најголема доверба имаат во Аксел Ахмедовски (17,1%), во Самка Ибраимовски (12,9%), Курто Дудуш и Неждет Мустафа со по  (5,7%), Амди Бајрам и Ерџан Селими со (4,3%), Шабан Салиу и Берат Бајрам со по  (2,9%), додека Мељазим Сакипов воопшто нема доверба од страна на испитаниците.

Податоците се преземени од анкетата спроведена од Ромалитико.

31

32

34

33

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари