Некогашниот борач на „Спартак“ од Кочани Столе Ефтимов кој моментно ги брани боите на „Лирија“ од Скопје се закити со титулата Државен првак во категоријата до 86 килограми, откако беше супериорен во однос на своите противници на „Државното првенство за Јуниори и У-15“ во машка и женска конкуренција.

Ефтимов својот пласман го заслужи откако покажа одлични борби и заслужено ги совлада своите противници. Веднаш зад Столе Ефтимов во истата категорија се пласираа борачите Фадил Назифов (Балканец) и Бајрам Хајдари (Тефејуз).

На првенството учествуваа 140 натпреварувачи во двете конкуренции а според освоените поени Шампион е екипата на „Лирија“ со 32 поени, пред „Балканец“ 25 и „Тефејуз“ 23 поени.

С. Ивановски

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари