За време на саботната посета на „Општа болница со проширена дејност“ – Кочани, Министерот за здравство Венко Филипче на вработените им соопштил дека болницата нема да се затвора, туку дека истата ќе прерасне во центар за ампутации.

Бидејќи ниту еден медиум од општината не присуствуваше на средбата податоците до кои доаѓаме се од Министерството за здравство кое во своето соопштение тврди дека министерот и претходно на неколкупати кажал дека болниците нема да се затвораат туку дека ќе се правело регионализација на овие здравствени установи.

„Не станува збор за затворање на болницата, туку за модел на нејзино унапредување, каде за истите пари од Фондот ќе добиеме подобри услови за работа на здравствените работници и подобри услови за пациентите. Концептот за јавно приватно-партнерство ќе го разгледаме со вработените и по завршување на физибилити студиите, ќе се отвори широка јавна дебата. Дејностите ќе останат, а приватниот партнер би инвестирал во инфраструктура“ е изјавата на Министерот Венко Филипче.

Бидејќи со други информации не располагаме, сакаме да поставиме едно прашање до надлежните, дали некој на министерот му има објаснето дека зградата е правена од самопридонес на граѓаните на Кочани или како и за претходните објекти се ќе остане на молчење и на бистрење на политика.

За потсетување само, во 1998 година со промената на власта во Македонија објектите што се градеа со придонес на граѓаните на Кочани преку ноќ поминаа под „капата“ на државата. Така беше со стадионот „Никола Мантов“ (Тогаш Градски стадион), така беше со „Спорстката сала“ па за чудо имаше обид такво примопредавање да се направи и со кочанскиот спортски храм, популарната „Соколана“.

Дали кочанчани и овој пат ќе бистрат политика и ќе извисат или без разлика на политичката припадност ќе кажат конечно едно големо НЕ, ќе се дознае за мошне краток период.

С. Ивановски

1111

P2540713

2222

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари