Изминатиот викенд за прв пат во историјата на џудо спортот Прилеп беше домаќин на „Државното првенство за кадети и ветерани“.

Во конкуренција на повеќе од 200 натпреварувачи Џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани настапи со 9 џудисти, сите во категоријата „кадети“ и освои 5 медали од кои 1 златна и по 2 сребрени и бронзени.

Иако редовно настапува во пионерска конкуренција, овој пат на првенството Стефанија Павлова настапи во категоријата „кадети“ и го освои златниот медал со што си ги отвори ширум вратите за влез во кадетската репрезентација на Македонија.

Сребрените медали ги освоија Дијана Илиева и Ненад Ристов, а додека со бронзата се закитија Христијан Павлов и Дамјан Костов.

Федерацијата имаше упатено покана за настап на Драган Шеќероски во категоријата „ветерани“ но истиот од оправдани причини го откажа своето учество, со ветување дека на наредните првенства ќе зеде учество и ќе ги повтори резултатите кои некогаш ги имаше остварено.

С. Ивановски

4243

4445

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари