Почитувани,
Вашите прашања упатени до министерот за здравство не се ништо друго, освен уште еден обид за партиско поентирање.

Никој од Кочани и од регионот не сака да се затвори болницата. И нема да се затвори. А беше на работ да ѝ се случи тоа – од вас. Една деценија без специјализации, со масовни напуштања на работните места и заминувања во странство, со неработење на одделенија коишто постоеле уште од основањето на болницата.

Овие две години состојбата е сосема поинаква: 28 вработувања на општи лекари, специјалисти, медицински сестри со високо и со средно образование, акушерки.  Набавени се нови апарати, кревети за Интерно, инвалидски колички. На Хирургија започна да работи Центарот за рани и ампутации. Се возобнови оперативата на Гинекологија. Итната медицинска помош се премести во нови простории, каде може да се даде терапија во склоп на дневна болница.

Испратени се доктори за специјализација по хирургија, ортопедија, гинекологија и интерна медицина. Во два наврата здравствените работници имаа покачување на платите за 5 проценти.

Престанете да ја манипулирате јавноста. Министерот за здравство јавно соопшти: Болницата во Кочани ќе биде регионален центар.  Физибилити студии ќе се прават за сите болници во државата и ќе бидат на увид на целата јавност. Целта е да унапреди и надгради  квалитетот на Болницата.

Вашите јавни определби дека сте за подобро здравство се обична глума. Го видовме вашиот однос кон здравството. Такво здравство – никогаш повеќе!

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари