Започна изградбата на улицата „Михајло Арсов“, на влезот во селото Прибачево.

Изведувачот на работите, штипската градежна фирма „Бони интерградба“ го отстрани постојниот асфалтен слој, кој беше во исклучително лоша состојба и теренот со површина од 1600 м 2 се подготвува за ново асфалтирање.

Улицата во Прибачево се гради според Програмата за капитални инвестиции за 2019 година, со средства од основниот буџет на Општина Кочани.

Со оваа Програма е планирана изградба на повеќе улици во Оризари и во Тркање. Во напредна фаза се работите на улицата „Лазар Стоименов“ во Оризари, каде ќе се асфалтираат 718 м. Во Тркање ќе се асфалтираат три крака од улицата „Маршал Тито“ во вкупна должина од 180 м.

Во селото Тркање во тек е изградбата на мост на Трканска Река, што ќе реши проблем за дел од жителите чие движење до домовите со години било отежнато. Во ова населено место заврши и чистењето на коритото на Трканска Река, од каде со механизација беше отстранета вегетацијата и отпадот собиран околу неа. Одговорните служби од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ очекуваат посовесно однесување на месното население кон животната средина и повисоко ниво на одржување на јавната чистота.

Most na Trkanska Reka (Copy)

Trkanska Reka. Ischistena (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари