Почитувани сограѓани

Претседателот на државата го симболизира единството на нацијата и ја претставува земјата.

Затоа е од огромна важност кој ќе биде претседател на државата.

Нашиот кандидат за претседател на државата ја заслужува целата поддршка од граѓаните, бидејќи сите граѓани сакаат стабилност, сакаат реформи и европска иднина на нашата земја.

Нашиот кандидат за претседател Стево Пендаровски има јасна визија нашата татковина да биде дел од НАТО и ЕУ, напредна, современа европска држава.

Да избереме претседател кој обединува, кој има нови идеи, кој гледа напред а не назад!

Да избереме претседател кој достоинствено ќе не претставува во светот!

Почитувани сограѓани, бидете одлучни и одговорни кон својата иднина!

Затоа Ве повикувам на 21 Април во недела, масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 3!

Со вашиот глас ги отворате вратите за развој на нашата држава, за подобра иднина на нашите млади, за достоинствен животен стандард и подобар живот за сите!

Гласот за Стево Пендаровски е глас за европски можности во нашата родна земја, за европско образование, за европски животен стандард.

Вашиот глас вреди, Вашиот глас одлучува за држава која нуди сигурна иднина!

Затоа да го искористиме нашето право на глас и да избереме претседател со кој сите заедно ќе одиме НАПРЕД!

ОО СДСМ – Кочани

P3970765

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари