Во саботата се одиграа натпреварите од 19-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Лидерот на табелата „Оогово“ дојде до значајна победа на „жешкиот“ терен во Лозово, победувајќи го домаќинот „Работник“ со 1:0 (1:0).

Доста интересно беше и во Делчево каде домаќините буквално во последните мигови од натпреварот дојдоа до победата.

Натпреварот во Берово „Малеш“ – „Овче Поле“ не се одигра бидејќи домашните играчи немале печат за извршен лекарски преглед, па согласно пропозициите делегатот Методи Иванов од Штип не дозволил истиот да започне.

„Слога 1934“ беше слободна во ова коло бидејќи екипата на „Кежовица“ доследна на она што го имаа договорено со другите шест третолигашки екипи не ги започна натпреварите од третиот круг.

Резултати од 19-тото коло:

„Работник“ – „Осогово“  0:1

„Брегалница сениори“ – „Рудар“  1:0

„Малеш“ – „Овче Поле“  (не е одигран натпреварот)

„Слога 1934“ – „Кежовица“  (не е доигран натпреварот)

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари