Се одиграа натпреварите од 19-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани по променливо време проследено со студен ветер домаќинот „Кочани“ ја пречека екипата на „Топ Гол“ од Битола и ја извојува втората по ред победа на домашен терен. Кочанчанки славеа 2:1 (1:1).

„Жетварките“ го отворија резултатот во 30’ а стрелец на погодокот беше Александра Тодоровска. И кога малкумината гледачи очекуваа со минимално водство да заминат на паузата кочанчанки  и дозволија на Габриела Гелеска да им ја затресе мрежата речиси во последните секунди. Сепак во второто полувреме девојчињата на тренерот Оливер Јовановски уште еднаш ја затресоа мрежата на битолчанки и дојдоа до толку посакуваните три бода. Стрелец на овој мошне значаен погодок за „Кочани“ беше дело на Станкица Атанасова во 78’.

Резултати од 19-тото коло:

„Кочани“ – „Топ Гол“  2:1

„Каменица Саса“ – „Тиверија“  2:5

„СЦ Истатов“ – „Љуботен“  11:0

„Речица“ – „Драгон“  0:4

„Атлетико“ – „Прилеп“  1:5

„Плачковица“ – „Ас Јунајтед“  0:11

„Тетово“ – „Борец“  8:1

Во следнот 20-то коло „Кочани“ ќе и биде гостин на екипата на „Прилеп“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари