Почитувани медиуми, почитувани сограѓани,

Најпрвин дозволете ми од име на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“ да им се заблагодарам на сите наши сограѓани кои во неделата го дадоа својот глас за професорката Силјановска  и допринеа за победа од 1080 гласови во Кочани.

Додека се прават анализите за резултатот во Кочани не заборавајте едно-гласовите за професорката овде во Кочани беа од луѓе на кои не им требаше друг мотив освен Македонија, луѓе кои вчера не постапуваа по налог туку по срце. И со пречките го изодевме патот.

Нема да запреме, нашата Македонија е демократска, со граѓани кои не се плашат да превземат одговорност и иницијатива за својата иднина! Почитувани сограѓани, почитувани македонци-мило ми е што има луѓе како вас!

Почитувани сограѓани, не плашете се, туку славете…. сите што сте за владеење на правото и демократска Македонија.

Излезете и гласајте и на 5 Мај!

Борбата е голема ама со љубов во срце и чиста душа победивме заедно и тоа ќе го сториме и на 5 мај!

Кочани, фала ти од срце!

P3970785

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари