По повод 22 април, Денот на планетата Земја, Eкоодборот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ изведе акција под наслов „Ќесе? Не, благодарам“.

Акцијата беше организирана со поддршка од неколку конфекции од Кочани, кои изработија платнени торбички, коишто учениците ги делеа на купувачите со цел да ја истакнат потребата од намалување на пластичните ќесиња како загадувачи на животната средина.

„Со оваа акција порачуваме дека е потребно поголемо внимание кон животната средина и јакнење на свеста дека секој од нас носи одговорност за тоа. Мотото за одбележување на Денот на планетата Земја за оваа година е заштита на животинските и растителните видови, кои се сè повеќе загрозени од загадувањето на средината. Во таа смисла, ги замолуваме граѓаните кога ќе појдат на пазар да си ги земат своите платени торбички и да не купуваат ќеси за една употреба, кои завршуваат како отпад, а многу тешко се разградуваат и се штетни за животната средина“ рече Љубица Теодосиева, координаторка на Екоодборот.

Пролетва, учениците ќе организираат уште неколку вакви акции пред големите маркети во Кочани, со цел да придонесат кон побрзо екоосвестување.

P3970796

P3970808

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари