Соопштение за јавноста

22.4.2019 г.

Почитувани сограѓани,

На фер, слободни и демократски избори за претседател, во првиот изборен круг победи Стево Пендаровски.

Им благодариме на сите што гласајќи за Стево Пендаровски го поддржаа концептот за заедништво и напредок на нашата држава и патот што води кон НАТО и Европската Унија.

Им благодариме на сите што покажаа дека не сакаат поделби и уназадување.

Резултатот што го постигна Кочани во поддршката на Пендаровски го сфаќаме како силен мотив и потреба од уште поголемо залагање во реализацијата на поставените цели за подобар и поквалитетен живот во сите сегменти од нашата средина.

Ве повикуваме секој да земе учество во позитивните промени.

Победата на Пендаровски во првиот круг најавува уште поголема поддршка од граѓаните во вториот круг, на 5 мај.

Продолжуваме заедно напред!

ОО на СДСМ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари