Тројца членови на СРЗЕК „Кочански рибар“ од Кочани, Александар Наунов, Ненад Панов и Драган Ѓеоргиев – Пирка, се победници на Меѓународното дружење кое изминатиот викенд се одржа на акумулацијата „Паљурци“ кај Богданци.

Во конкуренција на 25 екипи од Македонија, Бугарија и Србија со улов на риба, крап 80,820 килограми тие сосема заслужено го освоија првото место оставајќи ги зад себе  „4 Крап ДЗ 2“ – Скопје (70,820 килограми) и „Бабуна“ – Велес (65.535 килограми).

На дружењето членовите на „Кочански рибар“ за прв пат ловеа на т.н. прва позиција што сепак не претставуваше никаков проблем за нив.

„Искуството кое го стекнавме на претходните лига натпревари доста ни помогна да ја совладаме техниката која ја применивме на самиот натпревар или како што се нарекува дружење и со најдобар улов на риба сосема заслужено се искачиме на највисокото место“ рече Александар Наунов еден од тројцата членови на СРЗЕК „Кочански рибар“.

С. Ивановски

4243

4445

46

47

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари