Во месноста Свиланово, во близината на Рајчани, Кочани ја одбележа 114- годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот на Крушевската република, Никола Карев.

Граѓани од Кочани и Чешиново-Облешево, ученици од ОУ „Никола Карев“, членови на Извидничкиот одбор „Ластовица“ му дадоа почит на големиот македонски револуционер, кој загинал на 27 април 1905 година, во близина на кочанското село Рајчани.

Во одбележувањето на годишнината од смртта на Никола Карев учествуваа членовите на секцијата „Географски видик“ од ОУ „Никола Карев“, кои пеш ќе ја минаа релацијата од Свиланово до Пантелеј. Според сеќавањата на кочанецот Благој Стојанов, ученичкото пешачење до споменикот на Никола Карев е традиција што во Кочани се одржува повеќе од педесетина години.

Свежо цвеќе на споменикот на Карев во близината на селото Тркање и во Свиланово положија делегации од општините и советите на Кочани и Чешиново-Облешево, од Сојузот на здружението на борците од НОВ, претставници од ОУ „Никола Карев“ – Кочани, претсавници од ИО „Ластовица“, претставници на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани и на  ОО на СДСМ – Кочаниа за животот и делото на Карев низ стихови говореа учениците од кочанското училиштето што го носи неговото име.

Во Свиланово, местото на загинувањето на Никола Карев од минатата година е изградено спомен-обележје на површина од околу 500 метри квадратни, простор кој поврзан со можноста за посета на излетници, туристи, викенд-посетители, вљубеници во природата.

P3970836

 

P3970897

 

P3970935

P3970920

 

P3970929

P3970942

P3970949

P3970954P3970965

P3970970

P3970967

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари