Почитувани,

Ви го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодат, љубов, мир и спокој во секој дом.

Овој празник над празниците нека биде поттик да се утврдуваме во вистината и правдата, во трпението и милосрдието – да живееме со добри дела.

Длабоко сум уверен дека токму ваквите големи празници помагаат во јакнењето на националната, меѓунационалната и мултиконфесионалната толеранција. Само така можеме нашата татковина да ја направиме поубава за сегашните и идните генерации.

Нека ни е честит Велигден!

Градоначалник на Општина Кочани

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари