Почитувани сограѓани,

За десет дена повторно ќе имаме можност да го искористите своето гласачко право за избор на претседател на нашата држава. Ве повикуваме заеднички, уште поубедливо да ја потврдиме победата на Стево Пендаровски од првиот круг. Тоа ќе значи потврда на патот кон Европската Унија и НАТО.

Воздржувајќи се од гласање, вие ќе дозволите да се врати диктатура, пропаганда и ширење омраза, безмилосни хајки против сè што не мисли како нив.

Да потсетиме на локалната слика: само пред две години имавме презадолжени училишта, доведени на работ на функционалноста, но и офајдени функционери, со огромни апетити да се вратат на власт. Имавме прекопани улици наместо асфалтирања, но наместени тендери и задоволни профитери. Имавме проекти за лични хонорари и невидливи резултати од нив.

Убедени сме дека никој од нас не сака тоа да се повтори!

Затоа, да не дозволиме да се врати една таква гарнитура, полна со омраза кон сè што не е нивно и желна жестоко да се одмазди само затоа што не е на власт. Затоа, кажете НЕ за нивната ненаситност и насилствата што долго ќе се паметат. НЕ за поделби, конфликти, неправда и неказнивост. ДА за сигурна економија, ДА за чесно и одговорно работење. ДА за сигурна иднина. ДА за Стево Пендаровски.

Затоа, на 5 мај ве повикуваме да избереме нов, вистински претседател, да избереме напредок.

Заедно напред!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари