Почитувани сограѓани,

СДСМ соочувајки се со големиот изборен пораз во Кочани и огромната разочараност на граганите од нивната неспособност се обидуваат да се затскријат зад нови лаги и ветувања.

Дозволете да ве потсетиме дека истите тие ветуваа “Живот За Сите” во Кочани, а Вие сами одговорете си на прашањето “ ДАЛИ ЖИВОТОТ НАВИСТИНА ДОЈДЕ” ???

Одговорете си сами и на прашањата:

Дали добивте 500 евра плата?

Дали има нови инвестиции?

Дали ги вратија младите или тие уште помасовно се иселуваат?

Дали владее правото или има селективна правда?

Дали мислите дека ни го зајакнаа или продадоа националниот идентитет?

Дали добивте бесплатно здравство и нови болници или ги затвораат и оние кои постоеја?

Запрашајте се исто така и каде е ветената гасификација на Кочани, каде е старечкиот дом или ветениот младински културен центар, каде е професионалниот театар или катната гаража, каде се ветените нови мостови, новиот кружен тек или новите зелени површини.

Почитувани сограѓани,

Доколку сметате дека истите лица од СДСМ, кои сега повторно ја бараат Вашата поддршка, се луѓе кои ја оправдале добиената шанса да владеат и кои стојат зад својот збор и ги реализираат своите ветувања, тогаш слободно излезете и подржете го Владиниот кандидат за претседател.

Но, доколку и Вие, како и мнозинството граѓани на Општина Кочани, не ги одобрувате нивните штетни политики, лажни ветувања и неработење, Ве повикуваме на 5-ти Мај да излезете и да

кажете НЕ на оваа ненародна и неспособна власт.

Кажете Да за право и правда !

ДА за Гордана Силјановска Давкова !

Ви благодарам,

P3990021

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари