Почитувани,

Денес на годишнината од крвавото сценарио и упадот во Храмот на демократијата, ДПМНЕ повторно излегува со мрачни сценарија, сеење омраза и гнев.

Дали кај нив демохристијанското чувство е замрзнато?

ДПМНЕ, раководејќи ја општината во изминативе 10 години во Кочани не реализираше ниту еден позначаен проект, за разлика од нив СДСМ останува силно посветен на сите проекти се до нивна реализација, проекти кои се од интерес на сите граѓани на општина Кочани.

Во овој претпразничен период ги повикуваме сите граѓани да не ги земаат за сериозно тенденциозните изјави на раководството на ДПМНЕ и празничниот период да го поминат во слога, радост и сплотеност.

ОО СДСМ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари