Почитувани православни христијани,

Ви упатуваме срдечни честитки по повод големиот христијански празник Велигден со искрени желби за добро здравје и благосостојба.

Во деновите кога го славиме најголемиот христијански празник Велигден, во деновите на духовниот мир и спокој, потсетуваме дека толеранцијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање се христијански, но и универзални човечки вредности.

Само со почитување на овие вредности, не само во време на празниците, туку и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите.

Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации.

Нека е честит Велигден – симболот на победата на светлината над темнината, на победата на животот над смртта.

За многу години, Христос воскресна!

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари