Почитувани медиуми, почитувани сограѓани

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека земјите од Западен Балкан кои се залагаат за членство во ЕУ, меѓу кои сме и ние, имаат „мала непосредна перспектива“ за нивно пристапување во блокот, наведувајќи дека прво треба да се средат дома!

После ова јасно е дека “Заедно напред” на Заев и на кандидатот кој е 102.5% ист  како него е слепата улица на Евро-интеграциските процеси!

Македонија мора да спроведе внатрешна, системска промена и реформа и дека такво нешто може да направи само личност со огромен интелекутуален и морален капацитет личност како проф.Гордана. Силјановска  Давкова .

Професорката Силјановска во текот на целата кампања доминираше со своите познавања, со својот интелектуален капацитет и визија!

Таа отворено проговори за својата претседателска програма и за моделите на решавање на најболните политички и национални прашања, таа на секое поле и при секое соочување докажа и покажа дека доминира  над противкандидатот, а особено доминира над неговите подржувачи и неговата реторика.

Резултатите од првиот круг покажаа дека Македонија се води во погрешна насока, а особено сега во времето помеѓу двата круга, социјалдемократите покажаа врв на без-идејноста, зборуваат за себе,за метли, за нерасчистени сметки, даваат дополнителни ветувања, спремаат лични напади, некаде со добро некаде со лошо, каде како се може. Македонија не е личен имот, народот сака подобро утре, сака правда, таа желба за просперитет на татковината е поголема од секој поединец.

Да ги оставиме личните несогласувања, победа на правдата е победа на македонците, турците, ромите… тоа  е победа на Македонија, тоа е вистинскиот пат по кој треба да чекориме!

Проф.Гордана Силјановска Давкова за претседател!

P3990049

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари