Почитувани граѓани.

Пред нас е историска одлука, за иднината на државата.

Од сите нас, без разлика на возраст, етничка или верска припадност, мораме да донесеме одлука еднаш засекогаш да ја осигураме иднината на државата.

Почитувани граѓани, изминативе години имавме претседател кој државата ја враќаше назад. Со него на чело, благодарение на неговата некомпетентност, нашата држава стана изолирана и мета за потсмев.

Не смееме да дозволиме да живееме во држава во која што претседателот ќе биде заштитник на криминалните активности и претходниот режим.

Почитувани граѓани, пред нас имаме чиста, единствена и неповторлива шанса, истата ја имаме само на 5-ти Мај. Од нас зависи дали на 5-ти Мај давајќи го гласот за Стево Пендаровски државата со засилено темпо ќе продолжи да оди напред и да биде дел од европското семејство или повторно на чело на државата ќе имаме претседател што ја кочи државата, претседател кој самиот се нарекува залутан патник во политиката, којшто не си го познава сопствениот народ, претседател кој зборува за право и правда, а всушност беше нем посматрач и поддржвач на претходните криминални политики.

Почитувани граѓани, 5-ти Мај не е за седење дома, 5-ти Мај е ден на кој што имаме граѓанска обврска, да го направиме правилниот избор. Единствена опција за светла иднина е заокружувањето на број 3 на гласачкото ливче.

За крај ја користам оваа прилика да ве поканам сите на утрешниот митинг кој ќе се одржи во градскиот трговски центар во Кочани во 19:00 заедно да го поддржиме тимот на Стево Пендаровски.

Ви благодариме

P3990037

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари