Стефанија Павлова во категоријата „пионери“ го освои сребрениот медал на Меѓународниот џудо турнир „Европски Куп“ кој во саботата се одржа во Пеќ (Косово).

Освен Павлова, од неколкуте членови на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани единствено високо се пласираше и Нина Таскова која го освои четвртото место.

Инаку на турнирот учествуваа повеќе од 300 џудисти, а од трите клуба од Македонија едно место беше резервирано за џудистите од Кочани.

Организатор на турнирот беше Европската Џудо Федерација, а технички организатор Џудо Федерацијата на Косово.

С.Ивановски

5352

51

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари