За прв пат во Кочани минатиот месец од страна на љубителите и одгледувачите на сите расни кучиња беше формирано кинолошко друштво „Осогово“.

Целта на друштвото е да ги врши сите дејности и активности за унапредување и афирмирање на сите врсти расни кучиња на територијата на Република Македонија.

Веднаш по формирањето Кинолошко друштво „Осогово“  стана полноправен член со право на глас во Кинолошкиот Сојуз на Македонија.

За прв претседател на друштвото е именуван Мирче Илиев – Мирза.

Сите активности на друштво се регулирани со Статут.

С. Ивановски

42

43

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари