Се одиграа пет од закажаните седум натпревари во 20-тото на Првата Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ гостуваше во прилеп и од истоимениот домаќин прими десетка што и не е некакво изненадување доколку се знае дека „жетварките“ речиси со сосема подмладен состав и се спротивставија на домашната екипа.

Дерби на колото се играше во Скопје каде лидерот на табелата го претрпе првиот пораз во годинешното првенство. Екипата на СЦ „Истатов“ со оваа победа им се реваншираше на „драгонки“ за есенскиот пораз во Дојран.

На преостанатите три натпревари победа за домаќините.

Резултати од 20-тото коло:

„Прилеп“ – „Кочани“  10:2

„Тиверија“ – „Тетово“  9:1

„Драгон“ – „СЦ Истатов“  0:1

„Ас Јунајтед“ – „Атлетико“  6:0

„Борец“ – „Плачковица“  3:0

Натпреварите „Топ Гол“ – „Речица“  и  „Љуботен“ – „Каменица Саса“ се одложени поради обврски на овие екипи кон репрезентацијата на Македонија У-16. Двата натпревара ќе се одиграат во некој друг термин.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари