Почитувани сограѓани,

Пред неполни две седмици, во првиот круг на претседателските избори победи кандидатот Стево Пендаровски.

На 5ти Мај претстои нов изборен круг, кој дава шанса да изградиме модерна, европска и слободна држава, држава во која владее правото.

Свесни сме дека ниедна власт не е совршена и подготвени сме да направиме повеќе за граѓаните.

По совладувањето на диктатурата и по стопирањето на грабежот на македонскиот народ од фамилијата сите се едногласни: Никогаш повеќе да не се повтори!

Затоа да не дозволиме тие истите да се вратат и да аздисуваат и да раскажуваат како треба да се води држава – имаа можност една деценија да го покажат тоа.

Легитимно право е на секој полнолетен граѓанин да учествува во креирањето на иднината на својата држава.

Наша должност е да ја завршиме оваа битка.

Во Недела имаме историска можност, гласаме за сигурна иднина и европски живот дома.

На 5-ти Мај да го заокружиме бројот 3.

Ви благодарам.

P3990161

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари