Во организација на Младинската организација „Единство“ при СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, на 11.05.2019 година (Сабота) ќе се одржи „Хуманитарен турнир во баскет“.

Котизацијата на секоја пријавена екипа изнесува 600,00 денари а собраните средства ќе бидат донирани на Ивана Алексова која боледува од церебрална парализа.

За учество на турнирот не постои старосна граница и затоа сите се добредојдени.

Организаторот на турнирот за екипите има обезбедено посебни награди.

Турнирот ќе се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ со почеток во 16:00 часот.

Контакт телефон: 077-854-432

received_407004176787419

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари