Со денешната победа во Виница екипата на „Осогово“ на еден круг до крајот на првенството речиси ја завери шампионската титула.

Во натпревар полн со прекини „жетварите“ подобро се снајдоа искористија две од петте поволни прилики за гол и заслужено на своето конто додадоа нови три бода. „Слога 1934“ играше колку што можеше. Додека имаа сили домашните играчи му парираа на лидерот на табелата а при резултат без голови имаа две сериозни шанси да го отворат резултатот.

Победа на „Осогово“ е чиста како солза, кочанчани беа подобри, физички поподготвени и со поголем ростер на квалитетни играчи.

Головите за „Осогово“ ги постигнаа Манов во 65’ и Коцевски во 75’.

Во Делчево домаќинот „Брегалница сениори“ дури во второто полувреме го скрши отпорот на жилавите беровци и дојде до три нови бода.

Натпреварот во Лозово „Работник“ – „Овче Поле“ не се одигра.

Резултати од 21-вото коло:

„Слога 1934“ – „Осогово“  0:2

„Работник“ – „Овче Поле“  (натпреварот не е одигран)

„Брегалница сениори“ – „Малеш“  3:1

Слободна беше екипата на „Рудар“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари