Во рамки на ЦКА-ПХВ програмата за 2019 година, амбициозни волонтери од Црвениот Крст-Кочани со големи напори и труд успеаја нивната идеја да ја преточат во реалност.

Имаа цел да му дадат живот на неискористениот простор во СОУ ”Љупчо Сантов” со што ќе го реновираат, купувајќи мебел и друштвени игри. Тоа го остварија со организирање на низа хуманитарни настани со чија помош на граѓаните ја достигнаа нивната цел.

Обновеното средношколско катче е креирано со цел да ги мотивира младите да се вклучуваат во дебати, презентации, проекти и воннаставни активности.

Се надеваме дека ова ќе биде поттик за младите покорисно да го искористуваат слободното време, користејќи ги приликите да го дадат својот максимум.

УМКА  при СОУ „Љупчо Сантов“

5758

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари