Кошаркарите на „Баскет Дино“ се враќаат како победници од тешкото гостување во Струга.

Во натпревар пол со пресврти одигран во рамките на  М-14 кошаркарската лига на Македонија, играчите на „Баскет Дино“ во фуриозен финиш успеаја да извојуваат мошне значајна победа која ги зацврсти на првото место на табелата и ги стави во групата на фаворите во разигрувањето на четирите првопласирани екипи.

Кочанчани во првата четвртина полна со грешки од обете страни успеаја да остварат минимална предност, но играчите на „Црн Дрим“ со една трпелива игра ги добија преостанатите две четвртини и во последната влегоа со  седум поени предност.

Сепак во последниот квартал од играта кошаркарите на тренерот Сашо Лазаров дојдоа до својата препознатлива игра, со сигурна одбрана и ефикасен напад успеаја да дојдат до посакуваната победа.

Конечниот резултат 65:73 (20:21; 17:12; 15:12; 13:28) покажува каков натпревар се играше во Струга.

Најефикасен кај кочанчани беше Марко Коцев со 35 поени а по него следуваат: Дино Лазарев со 14 и Филип Димитријев 12.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари