Почитувани сограѓани,

Ви благодариме што на 5 мај го искористивте вашето граѓанско право, излеговте на гласање и учествувавте во креирањето на иднината на нашата држава.

На фер, слободни и демократски избори, за нов претседател е избран Стево Пендаровски.

Ви благодариме што гласајќи за Пендаровски заедно покажавме дека имаме европски ориентирана земја и одговорен народ со јасни демократски определби.

Им благодариме на сите што го поддржаа концептот за заедништво и напредок на нашата држава и патот што води кон НАТО и Европската Унија.

Како партија, остануваме доследни на нашите ветувања од уште поголемо залагање во реализацијата на поставените цели за подобар и поквалитетен живот во сите сегменти од нашата локална средина.

Продолжуваме заедно напред!

ОО на СДСМ – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари