Кочанското комунално претпријатие „Водовод“ набави возило „метларка“, економична машина со која ќе се одржува хигиената на јавните површини.

Според информациите на стручните служби, возилото има независен погон на четири тркала и може да работи и на поголеми нагорнини.

„Системот за чистење е составен од две предни странични четки, а поседува и вакуумски вентилатор што дава можност за вшмукување на поголема количина отпад, но и можност за собирање лисја преку посебно црево за вшмукување. Возилото работи тивко и има капацитет на чистење од 26 000 метри квадратни на час“ соопшти Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.

Возилото за метење на улиците и на јавните површини „Водовод“ го обезбеди со сопствени средства. Тоа ќе овозможи зголемување на опфатот на површните што се одржуваат, подобрување на јавната хигиена и ќе биде замена за осум до десет работника.

Планирањата на кочанското јавно претпријатие, кои произлегуваат од потребите, се однесуваат на обезбедување на камион-кипер, ѓубрарка до 10 метри кубни, трактори со дополнителна опрема за одржување на комуналната хиегиена и зеленилата, како и цистерни за миење на улиците.

3334

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари