Нецивилизираниот однос од одредени поединци кон животната средина е нешто што веќе ни стана секојдневие.

Ако нема подметнати пожари, има расфрлан смет на секаде, како и шут а во мода е и секојдневното палење на некаков материјал кој испушта густ црн чад.

Пишувавме, пишуваме, а и ќе продолжиме да пишуваме се додека кај некого не проработи совеста дека природата ни е заедничка и никој нема право на другиот да му го уништува животот.

И каде се после сите натписи и слики вработените за заштита на човековата околина, истите оние кои укотвени си седат во удобните столчиња и чекаат само платата да им стигне, а за тоа дали некој ја уништува или не животната средина воопшто не покажуваат интерес.

Би се запрашале каде се и советниците, истите оние советници кои ги избраа граѓаните за да ги заштитуваат нивните права, кои треба да ги надминат партиските бариери и да донесат решение од кои полза ќе имаат нивните избирачи барем кога е во прашање овој проблем.

Значи, за да се реши овој проблем кој е во голем подем  треба да бидат вклучени сите структури кои треба да ги штитат граѓаните. Наместо најавеното намалување на казните, за ваквите кои ни ја уништуваат животната средина треба истите да бидат високи и поригорозни, а тоа се решава само со една одлука, донесена на седница на Советот на општината.

Ајде, уште еднаш апелираме до сите релевантни структури во градот да се обединат и сите заедно да му стават еднаш за секогаш крај на ова зло од кое ако продолжи вака, последици ќе имаме не само сегашните генерации, туку и генерациите што доаѓаат.

Благодарност до сограѓаните за денешните фотографии

С. Ивановски

8283

84

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари