Кошаркарите на „Баскет Дино“ продолжуваат со добрите настапи. На денешниот натпревар што го одиграа во Скопје, кошаркарите на тренерот Сашо Лазаров се надминаа самите себе и по две години успеаја да му го нанесат првиот пораз на  „Партизан МШ 2“.

Победата од 83:82 покажува во каков неизвесен натпревар бодовите отпатуваа за Кочани.

Уште во првата четвртина се виде дека кочанчани му покажаа „заби“ на домаќинот и истата ја решија во своја полза од 20:18. Но во втората четвртина домаќините се разиграа, но и потпомогнати со неколку судиски одлуки на полувреме заминаа со 14 кошеви позитива (48:34).

Но дека кошаркарите на „Баскет Дино“ поседуваат квалитет покажа двете четвртини во второто полувреме. Предводени од одличните Андреј Томевски и Дино Лазаров кошот на домаќините постепено се полнеше за да на крајот со еден поен позитива бодовите отидат на контото на кочанчани.

Најефикасни кај „Баскет Дино“ се Андреј Томевски со 28 поени, Дино Лазаров со 23 (од кои 7 тројки), Филип Димитријев 10 и Мартин Сопков 9.

Со оваа победа се отвораат шанси „Баскет Дино“ и во оваа категорија се избори во разигрувањето на четирите најдобри.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари