Со 100 килограми млад крап и 500 килограми крап со тежина од 1,5 до 4 килограми денес беше извршено порибување на езерото „Гратче“.

Порибувањето го извршија членови на СРЗЕК (Спортско Риболовно Здружение Еколошки Клуб) „Кочански Рибар“ кои краповите капиталци ги обележаа со цел риболовците при евентуален нивни улов имаат задача истите повторно да ги враќаат во езерото.

Како што потенцираше Претседателот на СРЗЕК Димитар Димитров целта на ова порибување е да во езерото има што поголема количина на риба за претстојните натпревари кои се очекува да се одржат на оваа природна убавица. Димитров ги потсети риболовците дека забраната за риболов е уште на сила а и тоа дека во следната седмица се очекува да во езерото се пуштат и педесетина килограми на пастрмка.

Освен сомови и крапови капиталци езерото „Гратче“ е доста богато и со други видови на риба како што се: белвица, клен, костреж и црвеноперка.

Иако членовите на СРЗЕК постојано вршат порибување, хранење на рибата и чистење на околината на езерото еден проблем во последно време ги засега сите. Имено одговорен инспектор од „Министерството за животна средина “ има ставено забрана за движење по круната од некакви безбедносни причини што претставува огромен проблем за туристите и љубителите на спортскиот риболов бидејќи пристапот од левата страна на брегот на езерото е речиси невозможен.

С. Ивановски

P3990219

P3990234

P3990204

P3990215

P3990168

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари