Претстојниот викенд се играат натпреварите од 29-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Во Сабота со почеток во 16:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ „Осогово“ ќе ја пречека екипата на „Рудар“, а во Недела кочанчани ќе имаат можност да проследат натпреварот од Прва Фудбалска Лига  „Победа“ – „Шкендија“ кој започнува во 16:30 часот.

Недела е „резервирана“ за бараж натпреварот за влез во Првата Супер пингпонгарска лига.

Во салата на ОУ „Малина Попиванова“ пингпонгарите на „Кочани“ ќе ја пречекат екипата на ППК „УГД“ од Штип. Натпреварот започнува во 11:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари