Во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, денес во Куманово се одиграа завршните натпревари во фудбал за учениците од основните училишта во државата во женска конкуренција.

Девојчињата од ОУ „Никола Карев“ од Кочани се годинешните победници откако денес беа поуспешни во двата натпревара.

Во првиот натпревар тие беа поуспешни од ООУ „Бајрам Шабани“ од Куманово совладувајќи ги со 2:1 а додека во вториот со 4:3 ги победија девојчињата од ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци.

Натпреварите се одиграа на фудбалскиот терен во село Речица.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари