Лидерот на табелата и новиот член на Втора Лига – Исток „Осогово“, во 23-тото коло во Трета Лига – Исток го претрпе првиот пораз на домашен терен во годинешното првенство.

„Жетварите“ сосема заслужено загубија од мошне добрата екипа на „Рудар“ од Пробиштип со резултат 2:3 (0:1).

Гостите ја прифатија „фрлената ракавица“ од лидерот, играа отворено, со прецизни додавања го освојуваа теренот а неколкупати сериозно се заканија по домашниот гол. Домаќините на двапати водеа (1:0 и 2:1) но сепак останаа со празни раце благодарение на добрата и ефикасна игра на „рударите“ но и мошне слабата одбранбена линија.

Неколкуте стотина гледачи по сончево и пријатно време за игра видоа добар и ефикасен фудбал, пет постигнати голови, два нереализирани пенали (по еден на обете страни) и одлична арбитража на главниот судија Спире Арсов.

Головите за „Осогово“ ги постигнаа: Коцевски 36’ и Паунов 64’, а за „Рудар“: Стојчов 56’80’ и Алексов во 82’.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари