Во бараж натпреварот за влез во Првата Супер Пингпонгарска лига денес во Кочани едни спроти други се најдоа пингпонгарите на „Кочани“ и на УГД „Гоце Делчев“ – Од Штип.

Иако кочанчани имаа скриени надежи дека можат да се најдат од следното првенство едно скалило погоре, сепак денес наидоа на многу подобар противник кој ги совлада со 4:0 и со тоа го сочуваа статусот во најелитното натпреварување во државата.

Барбареев, Саздов и Димовски во ниту еден момент не им дадоа шанса на домаќините, напротив тргнаа фуриозно и без ниту една загубена игра сосема заслужено стигнаа до победата.

Пингпонгарите на „Кочани“ нема зошто да жала и онака тие годинава остварија резултат за почитување. Ефремов, Димов и Тодосиев а во првиот дел и Христов одиграа една брилијантна сезона и како второпласирани го завршија првенството во Првата пингпонгарска лига.

Честитки и за едните и за другите.

С. Ивановски

64

66

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари