На ден 11.05.2019 година, во 21,50 часот вработен во Територијалната против пожарна единица од Кочани пријавил дека на ул. “Стево Теодосиевски“ во Кочани од пожар било зафатено патничко моторно возило “Цитроен Пикасо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје.

Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација, по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда.

Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани.

По овластување на Јавен обвинител извршен е увид налице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари