Денес Водостопанство – подружница „Брегалница“ организираше прес-конференција на која беа демантирани наводите на одредени земјоделци кои деновиве преку одделни медиуми се пожалија дека каналите за наводнување на оризовите површини не се доволно и навреме исчистени.

Директорот на подружницата Дејан Митров рече дека обвиненијата за наводната неажурност дошле од претставници и членови на месни комитети на ВМРО ДПМНЕ и дека се работи за политички ставови и дека водата за наводнување на оризовите површини е пуштена навреме и според утврдениот годишен план за наводнување.

45

„Се наоѓаме на лице место каде пред два дена незадоволни водокорисници – претставници на месни комитети на ВМРО ДПМНЕ реагираа дека водата е пуштена со задоцнување. Од ова место одговорно тврдам дека водата за наводнување на оризовите полиња е навреме пуштена и според планот за кој навреме беа известени сите водокорисници. Проблемот во селата Чешиново и Грдовци е поради тоа што голем дел од земјоделците реагираа да го пролонгираме пуштањето на водата бидејќи поради врнежите нивите имаат потреба од доработка и дека истите не биле спремни за наводнување“

Митров во своето излагање посочи дека каналите се навреме исчистени, дека овогодишната сезона за наводнување од хидросистемот „Брегалница“ е успешно започната и дека се запазени оптималните рокови за сеидба на ориз, а во акумулациите има доволно вода за да се исполни планот за наводнување.

43

„Што се однесува на нивните тврдења дека каналите не биле исчистени и дека се касни со сеидбата поради ненавременото пуштање на водата одговорно тврдам дека годинава навреме се исчистени 250 км. каналска мрежа што претставува рекорд за „Брегалница“ бидејќи во претходните пет години просекот на исчистена каналска мрежа изнесуваше 170 км. Уште еднаш потврдувам дека сезоната 2019 година е успешно започната и дека се запазени оптималните рокови за сеидба на ориз. Инаку, во акумулацијата „Калиманци“ во моментот има 105.000.000 метри кубни вода што е доволно за целата сезона, а додека во „Гратче“ имам сосема мал дел за акумулирање“.

На крајот Митров додаде дека наводнувањето на оризовите површи и годинава ќе се реализира според усвоениот годишен план а за што земјоделците претходно биле навреме информирани.

С. Ивановски

41

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари