Почитувани,

Во прилог ви испраќаме писмена реакција на изјава на директор на АД “Водостопанство” Кочани, во која тој ја споменува политичката партија  ВМРО ДПМНЕ. Доколку таква вест е објавена на вашиот медиум ве замолуваме да ја објавите и следната реаакција: (доколку немате таква вест не земајте ја во предвид оваа наша порака.)

Почитувани сограѓани, почитувани сопартијци,

ДИРЕКТОРОТ НА АД “ВОДОСТОПАНСТВО”  КОЧАНИ ЈАВНО ПРИЗНА ДЕКА ВОДИ ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ПОЛИТИЧКА ПРИПАДНОСТ НА ВОДОКОРИСНИЦИТЕ!

Бараме од директорот на подружницата на АД “Водостопанство”- Дејан Митров, да ја води подружницата професионално и да не се впушта во политичка расправија и да им се извини на оризопроизводителите за доцнењето на сеидбата без разлика дали се членови на една, на друга или на пак на ниту една  политичка партија, сите заслужуваат ист третман!

Да се споменува ВМРО ДПМНЕ за да ја заштити својата фотеља (за која корисниците побараа метла) и да се демантира вест од национални медиуми е неодговорно и дрско!

“Директорот изјави дека обвиненијата за наводната неажурност дошле од претставници и членови на месни комитети на ВМРО ДПМНЕ и дека се работи за политички ставови и дека водата за наводнување на оризовите површини е пуштена навреме и според утврдениот годишен план за наводнување”

Ова е најдолно политиканство од директорот кој сака да не убеди дека сите лажат а тој е многу вреден. Но, со ова докажа дека станува збор за партиски кадар кој без никаков основ прибира информации за водокорисниците, ова е невиден скандал и дрско однесување кое не прилега на носител на ваква функција а за тоа како се води подружницата ќе оставиме корисниците сами да кажат.

За крај тоа што некој се членови на ВМРО ДПМНЕ не значи дека треба да бидат казнети, дека треба да бидат на ваша милост и немилост за да пуштите вода, уште еднаш, срамота директоре!

Со почит,

Центар за комуникации при

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари