Надворешната канцеларија за криминалитички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Џ.(21), Б.Р.(23) и Ш.А.(20), сите од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 11.05.2019 година околу 06.00 часот во Градскиот трговски центар во Koчани пријавените со употреба на физичка сила од оштетениот З.Л.(48) од село Спанчево, кочанско, одзеле пари, клучеви од патничко возило и лични документи.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари