Фудбалерите а „Осогово“ со нерешениот резултат денес во Свети Николе на четири кола до крајот на првенството и официјално ја заверија Шампионската титула. Во преостанатите четири кола „Осогово“ ќе одигра уште три натпревари а на второпласираното „Овче Поле“ кое заостанува 9 бодови му претстојат уште два натпревари.

Инаку денес се одиграа натпреварите од 24-тото коло на Трета Фудбалска Лига – Исток. „Жетварите“ на „жешкиот“ терен во Свети Николе одиграа 1:1 со „Овче Поле“. Иако домаќините имаа водство по првото полувреме сепак кочанчани го одиграа посигурно второто полувреме и дојдоа до нерешениот резултат.

Во Виница екипата на „Слога 1934“ им одржа фудбалски час на фаворизираниот гостински тим „Брегалница сениори“. Виничани наполно заслужено славеа со 5:0 (2:0) а доколку беа поколегијални во завршницата на акциите мрежата на делчевци ќе се затресеше уште неколку пати. Како и да е, играчите на „Слога 1934“ го одиграа годинава најдобриот натпревар во ова првенство.

Во пробиштип домаќинот „Рудар“ без поголеми проблеми ја совлада екипата на „Малеш“ со 7:1.

Во следното коло „Осогово“ му гостува на „Малеш“ во Берово.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари