Поезијата на кочанскиот  роднокраен автор Киро Герасимов деновиве е преведена и објавена на романски јазик.

Седум песни на овој автор кои тематски се поврзани со кочанското поднебје и оризовите полиња, се тематската определба на поезијата на Герасимов која се најде на страниците на  списанието „Лутена“. Со  ваквата презентација,  поезијата на нашиот роднокарен автор  е веќе препеана на неколку јазици меѓу кои: турски, словенечки, полски, српски и црногорски.

Уште еден успех на Герасимов. На неодамна одржаниот поетски фестивал „Панонски галеб“ во Суботица (Република Србија), Герасимов ја доби наградата за автор кој создава надвор од Србија.

Дека поезијата на нашиот сограѓанин е интересна за читателската јавност во Србија зборува и податокот дека се подготвува збирка поезија со 40 песни која наскоро ќе биде објавена во Србија.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари