Општина Кочани деновиве исплати нов четиримесечниот износ за стипендии за студентите корисници за студиската 2018/19 година.

Краткиот застој во редовната исплата се јави поради одржувањето на Претседателските избори.

Оваа година општинската поддршка во студирање ја користат 17 студенти.

Според одлуката за доделување стипендии на студенти на јавните високобразовни установи во Република Македонија, годинава 10 стипендии добија студенти со успех во текот на студирањето, една стипендија е за студент од ромска етничка припадност, три се за студенти од социјално ранливи семејства и четири за студенти на медицински науки.

Стипендиите чиј месечен износ е 3 илјади денари се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари